(Фото) ЕКСКЛУЗИВНО : Груевски тајно ја напушти Македонија во 1 часот по полноќ, каде одлета и со кого?!

0
342

stock-footage-police-lights-night-motorcade

Изминатата ноќ, четврток спрема петок, Груевски со колона полициски возила тајно во 1 часот по полноќ се упати кон аеродромот Александар Велики. Овој настан случајно го уловив затоа што во исто време одев накај аеродромот Александар Велики за да го пречекам мојот брат кој слетуваше со Визер од Лондон.

Пратечките полициски џипови и пасати се однесуваа исклучително агресивно и ги туркаа автомобилите на страна по автопатот кон аеродромот.

Се случи и мал инцидент, кога со мојот автомобилот сакав да се приклучам десно на автопатот кон Велес односно кон аеродромот, еден од полициските Пасати агресивно сврте во лево силно свирејќи ми и предупредувајќи ме да се откажам од вртење десно, и мораше да се откажам од вртење десно па продолжив накај Куманово едно 100 метри, застанав десно на помошната лента па со вклучени трепкачи се враќав назад за да се приклучам онаму каде што имав планирано да одам, а тоа е десно кон Велес за потоа да се приклучам кон Аеродоромот после патарината.

Денеска Груевски го немаше на ниту еден настан што е доказ дека е надвор до државата. За тоа нема ништо на веб сајтот на владата. Каде е премиерот? Дали е на тајни преговори во Брисел или пак е во Монте Карло или Лугано за да си ги провери парите од провизиите?!

Инаку ова е втор пат да имам блиска средба со обезбедувањето на Груевски на пат низ државата. На минатите избори се враќавме со Јанко Бачев од Штип и на една кривина ни изелзе полициски пасат пред нас и моравме да одиме во ендек! Мерцедесот на Грујо шибаше по десната  негова лента додека едниот пасат од придружбата, така наречениот чистач одеше скроз лево на левата лента и буквално ги туркаше автомобилите што надоаѓаа во ендек!

Од што се плаши Груевски?! Толку ли има направено зулуми низ земјава па се плаши за својот живот и се однесува вака насилнички при своето движење низ земјава?!

Извор : Мактел