(ФОТО) Голем пожар ја зафати Преспа : Зафатен и националниот парк Галичица со над 300 хектари шума!

0
309

Повеќе од 300 хектари високо стеблеста шума зафати пожарот во Преспанскиот регион во близина на туристичките населби Отешево и Сирхан,  вечерва е проширен и зафати дел од Националниот парк Галичица.

Во тек е итен состанок на кризниот штаб на Општина Ресен, а мештаните од околните села велат дека без струја бидејќи запален бил и далеководот.

Пожарникарите велат дека не се работи за еден оган, туку дека гори на повеќе места. Се очекува Кризниот штаб да донесе одлука за активирање на канадерите, но и тоа е под знак прашалник бидејќи во ноќни услови тешко кога може да гасат авионите.