(ФОТО) ГНЕТЕЊЕ И ЛОКАЊЕ НА шведска маса од БУЏЕТСКАТА НАРОДНА ПЉАЧКА : Абдулаќим Адеми и Спиро Ристовски потрошиле околу 27.500 евриња по елитни ресторани – се плаќало по 5.200 денари за бифтек, се гоштевале со телешки печења, вина и нутели торти!

0
553

Народната вели, туѓи пари лесно се трошат. А ако државата го плаќа цехот, за цена не се прашува. По народнава јаделе и пиеле и двајцата функционери, доскорешниот министер за образование и наука Абдулаќим Адеми, и неговиот заменик Спиро Ристовски, обелодени НОВАТВ во вчерашната епизода на емисијата ЈАВНО.

НОВАТВ преку Законот за слободен пристап до информации ги доби податоците за службените патувања на министерот и заменикот, сметките од хотелските сместувања и изводи од нивните службени картички.img_4297-768x512

Според приложеното може да се заклучи дека Адеми и Ристовски живееле на висока нога на државна сметка. Јаделе во најубавите ресторани, квалитетно се хранеле, а спиеле во хотели од минимум 4,5 ѕвезди. Поголем дел од податоците се за поранешниот министер Адеми. Aко се соберат сите сметки од неговата службена картица од први јануари 2015 заклучно со 31 мај оваа година, Адеми од државното ќесе се честел со 20.000 евра.

Сите овие пари се потрошени во елитни ресторани како „Воденица“, „Балканика“, „Ла тераца“, ресторан „Момир“ во Охрид, ресторанот на „Микеи“ во Камник. Сумите се различни, почнувајќи од некоја скромна сметка од 1.000 денари, па се до 40 000 денари. За ручеци и вечери пари не се жалеле. За јунешки бифтек Адеми плати 5.200 денари, но и тоа било малку па се нарачало и телешко печење од 1.820 денари. А, во Момир во Охрид цехот излегол 19.310 денари. Одредени сметки, како онаа на Ристовски во скопскиот „Скара бар“ стасале дури и до 39 илјади за една вечера платена со буџетската картичка.

Целата сторија со ВИДЕО прилозите ОВДЕ