(ФОТО) ГЕРИЛА АКЦИЈА: Се појавија табли со патокази, покажуваат колку луѓе се иселиле од Реканскиот регион

0
598

Во Реканскиот крај од вчера се појавија жолти информативни табли со патокази за Дебар, Скудруње, Ростуше, Велебрдо, Битуше и Требиште, на кои е впишан и бројот на иселени лице од овие места во изминатите 20 години.

Ова е дело на „герила уметници“ кои правеа слични герила-акции и во Скопје, а е поддржано од програмата „Цивика мобилитас“

Според активистите, оваа акција е наменета за поддршка на локалните НВО-а и месните заедници, да им помогне да го дигнат својот глас и да алармираат за овој горлив проблем – иселувањето од реканскиот крај, кој некогаш бил голем со бројни села, но сега опустени, а луѓе има само во летниот период.

mkd-276460