(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Ја ангажирале ли Општина Прилеп градежната фирма ,,Пела Транс” за градежни активности за време изборен молк?!

0
485
До редакцијата на ,,Народен Глас” пристигна мејл од наш читател кој во прилепската населба ,,Тапани” забележал градежни активности од страна на градежната фирма ,,Пела Транс” и истите ги фотографирал и ги испратил до нашата редакција.
Бидејќи точно не знаеме и не располагаме со конкретни информации дали општина Прилеп и актуелниот градоначалник, Марјан Ристески ја ангажирале оваа фирма да врши градежни активности за време на изборен молк на престојните локални избори кои ќе се одржат на 15-ти октомври а со тоа и да го прекршат изборниот молк.
Во прилог ви ги објавуваме мејлот и фотографиите на нашиот читател :
Здраво,
Ви испраќам слики направени денес околу 15часот од улица Блаже Иваноски каде што забележав турање чакал, асвалтирање на улици за време на изборен молк, машините се од „Пела Транс“ фирма ангажирана од локалната самоуправа во Прилеп.
Со ова МИСЛАМ дека се прекршува изборниот законик. 
ВЕ ЗАМОЛУЛВАМ ЗА АНОНИМНОСТ.
Поздрав
СПОДЕЛИ