(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Спасовски : Ова не е битка за поединци и лични интереси, ова е битка за иднината на Република Македонија

0
1051

На вчерашната трибина во домот на култура ,,Марко Цепенков” која се одржа во 20 и 30 часот беше гостин ген. секретар на СДСМ и екс министер за внатрешни во техничката влада Оливер Спасовски.

Спасовски на синоќешната трибина одржана во Прилеп и домот на култура ,,Марко Цепенков” говореше за компромисите кои СДСМ како една од преговарачките партии во преговорите за решавање на политичката криза морала да ги направи и исто така истакна дека најголем компромис бил тоа што седнале воопшто да преговараат со бандата на Груевски, но дека тој компромис морал да се направи поради иднината на државата за да се реши кризата без нови жртви од страна на власта и по мирен пат.

„Тоа е клучната работа заради која се нафативме да седнеме на преговарачка маса, иако постојано се зборува дека СДСМ направил отстапки. Да, се согласувам. Најголемата отстапка која ја направивме е што седнавме да преговараме со Груевски и со неговите криминалци, но тоа беше заради интересот на граѓаните на Република Македонија. Главната цел беше да се обезбедат фер, демократски и слободни избори, избори какви што Груевски не посакува. Бидејќи на такви избори Груевски не може да победи, а не би победувал ни порано“, рече Спасовски.

Во своето обраќање Спасовски упати повик до сите слободоумни граѓани и секој оној кој сака да се вклучи во борбата против режимот да го стори тоа што поскоро додека вратите на СДСМ ќе бидат ширум отворени за тие граѓани, потоа Спасовски за пример како треба да се бие борбата против режимот на Груевски и Сашо Мијалков го посочи прилепскиот адвокат Жарко Стеваноски кој со својот непокор и своето правдољубие му пркоси на локалните власти и перфидните намери затскриени под поимот ,,ПРОЕКТИ”.

IMG_4944IMG_4926 IMG_4934 IMG_4939 IMG_4995 IMG_5009 IMG_5021 IMG_5022IMG_5031