(ФОТО ГАЛЕРИЈА) СМРДИ НА СЦЕНАРИО ОД РЕЖИМСКИТЕ ИНТЕРНЕТ МЕДИЈСКИ ПРОПАГАНДНИ ЌОСЕВЦИ ТОДОРОВ И ФИЛИПЧЕ – Некролози од амбасадори по говорот на Груевски се шират по социјалните мрежи!

0
653

Посмртни фотографии од амбасадорите во земјава се појавија на социјалната мрежа Имгур. Фотографиите се поставени пред околу 24 часа, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски одржа говор пред Државната изборна комисија (ДИК) во кој обвини дека некои амбасадори премногу се мешале во внатрешната политика на земјата, пренесува „Призма“.

„Државата мора суверено да ги носи одлуките“, рече Груевски.

„ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи понатамошно мешање на амбасадори во внатрешно политичките прашања на земјата“ рече тој, додавајќи дека „партијата го напушта форматот на состаноци и преговори со други политички партии во кои учествуваат амбасадори, странски посредници или претставници на други држави, а на кои се преговара, или се носат одлуки за кои во секоја држава одлучуваат претставниците избрани од народот“.

На овој говор, присутните демонстранти пред ДИК извикуваа „нека си одат дома“, мислејќи на амбасадорите.

На посмртните фотографии можат да се видат американскиот амбасадор Џес Бејли, амбасадорот на ЕУ Аиво Орав, британскиот амбасадор Чарлс Гарет и многу други.

На мрежата нема можност да се види кој ги поставил фотографиите, со оглед на тоа што на оваа мрежа било кој може да постави фотографија или монтажа, без притоа да се најави во системот.

1 2 3 5 6 8 9