(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ИЛЕ СЕ ФРЛИ НА РАБОТА, ЗАПНАЛ ДА ГО АСФАЛТИРА ПРИЛЕП СОСЕ ТОА ДУПКИТЕ ПА МАЈКА ЈАНА НЕКА Е

0
482

Општина Прилеп ја реализира комуналната програма предвидена за
оваа тековна 2018 година, со која е опфатена и една од најголемите
прилепски населби, Точила. Моментално се работи на улицата „Ладо
Лапецо“, на потегот од улицата „Војводинска“ до улица „Егејска“. Покрај
асфалтирањето, се изврши отстранување на стариот оштетен и дотраен
асфалт на површина од 2.100 м2, при што целосно беше отстранета
целата стара подлога.

„Се врши асфалтирање на улицата „Ладо Лапецо“, на потегот од улицата
„Војводинска“ до улица „Егејска“ во должина од 400 метри и површина од
2.100 м2. Стариот асфалт беше дотраен и мораше да се замени со нов.

Со овој инфраструктурен зафат ќе се подобрат условите за возење, а
воедно и овој дел од градот ќе добие нов лик“, вели Благоја Богоески,
задолжен за надзор на градежните работи.
Со комуналната програма на локалната самоуправа за 2018 година,
опфатени се и градот и населените места. Во зависност од временските
услови, активностите за комунално уредување ќе продолжат и во
наредниот период, согласно предвидената динамика.