(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ГЕНЕРАЛОТ СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ ВО ПРИЛЕП ПРЕД СПОМЕН ПЛОЧА ДЕНЕС ПОЛОЖИ СВЕЖО ЦВЕЌЕ НА СВОИТЕ ПОКОЈНИ ДРУГАРИ ОД ТРАГИЧНИОТ НАСТАН КАЈ ,,КАРПАЛАК”

0
314

Националниот координатор за воени и полициски ветерани, генералот Стојанче Ангелов денес присуствуваше на полагање свежо цвеќе пред спомен плочата во касарната „Мирче Ацев“ и во селото Лениште, започна чествувањето на трагичниот настан кој се случи на 08.08.2001година кај месноста Карпалак на патот Скопје – Тетово.

„Чуствата се тажни, ова е ден кој не е за радост, ден кој го паметиме и
повикуваме да не се повтори никогаш повеќе“, посочи Петрески.
Националниот координатор за воени и полициски ветерани Стојанче Ангелов се потсети на настанот од 2001 посочувајќи дека токму на тој кобен ден десеттемина прилепчани се јавиле на поканата за мобилизација и тргнале на фронт.