(ФОТО ГАЛЕРИЈА + ВИДЕО) ПРИЛЕПЧАНИ ВО УЛТРА ШОК : ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПРИЛЕП ПОВТОРНО АСФАЛТИРАЛ УЛИЦИ

0
967

Граѓаните на Општина Прилеп добија уште една асфалтирана улица по
највисоки стандарди. Изминатите денови на улицата „Андон Слабејко“ беше
поставен нов слој на асфалт, со што оваа улица од централното градско
подрачје доби нов лик и сега овозможува подобри услови за возачите и
пешаците.

„Се наоѓаме на улицата „Андон Слабејко“ на којашто беше извршено ново
асфалтирање. Самата улица беше во доста лоша состојба, како одраз на
повеќегодишното користење. Сепак овај асфалт беше постар од 30 години и
затоа одлучивме да се постави ново платно на улицата

Улицата е долга околу 200 метри, или површина од околу 1200 м2, така да сега
ќе имаме многу поголеми можности за користење на оваа сообраќајница.“ вели
надзорот Благоја Богоески.

Улицата „Андон слабејко“ се поврзува со улицата „Кеј 1-ви Мај“ покрај кејот на
градската река, која, исто така, неодамна беше асфалтирана и каде наскоро ќе
бидат уредени и тротоарите со бекатон плочки, со што овој дел од градската
патна мрежа добива целосно нов и урбан лик.

„Покрај самата улица што е кај кејот следува уште да се изработат тротоарите
од бекатон, коишто делумно се сработени, а останува уште еден дел да се
доработи.

Ваквото планско уредување на улиците ќе биде особено корисно за самиот
сообраќај и за граѓаните на Општина Прилеп“, изјави Благоја Богоески, надзор
над градежните активности на улиците во општината.

Општина Прилеп со засилена динамика работи на подобрување на патната
инфраструктура и ги асфалтира улиците коишто се предвидени со комуналната
програма за 2018 година. Според најавите на градоначалникот Јованоски, во
наредната 2019 година во Прилеп нема да има неасфалтирана улица.