(ФОТО ГАЛЕРИЈА) БОРЧЕ ГЕОРГИЕВСКИ ПРЕД ЖИТЕЛИТЕ НА СИНГЕЛИЌ : Наскоро стартува проширување и реконструкција на патот Раштак – Бутел се реализира со финансиска поддршка на владата

0
160

Маалска средба со жителите на Синѓелиќ заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Никола Бабовски.

Разговаравме за проектите кои како општина ги имаме заедно со АФПЗРР. Проектот за проширување и реконструкција на патот Раштак – Бутел се реализира со финансиска поддршка на АФПЗРР, како поддршка за зајакнување на руралниот развој.

Отворено беше и прашањето за проблемите со исплатата на оштетувањето на земјоделските површини од поплавата во 2016 година, каде договоривме дека во просториите на месната заедница Синѓелиќ претставници на МЗШВ и платежната агенција, ќе вршат увид на поднесените барања.