(ФОТО + ВИДЕО) СКАНДАЛ, ДИРЕКТОРОТ НА КОНРАД АДЕНАУЕР ЗБЕСНА ПОРАДИ ПРАШАЊАТА НА САШЕ ПОЛИТИКО: Директорот на германската десничарска невладина фондација Конрад Аденауер која го советува ВМРО ДПМНЕ 15 години како да добива избори реагираше гневно на прашањата од Саше Политико и му се закануваше да не го објавува видеото во кое Саше го праша за мислење за бомбите на опозицијата и дали Конрад Аденауер чувствува вина што нивниот ученик ништо не научил за демократија и владеење на правото!

0
806

johanes rai konrad adenauer

Еве од кого учи за демократија и слобода на медиуми ВМРО ДПМНЕ. Директорот на германската десничарска невладина фондација Конрад Аденауер, финансирана од владата на Германија и во чиј управен одбор седи Ангела Меркел, господинот Јоханес Рау, денеска збесна откако ги слушна прашањата од Саше Политико и побара интервјуто да не се објави затоа што не му се допаднале прашањата?!?!

Инаку настанот беше за екологија, семинар спонзориран од Конрад Аденауер кој се одржа денеска во факултетот за туризам и менаџмент во Скопје.

johanes rai2

По настанот Саше Политико побара дозвола за интервју, му се престави дека е новинар и почна да му поставува прашања. Пред тоа, во самиот говор на настанот господинот Рау зборуваше генерално за Конрад Аденауер, кажа дека се дојдени во Македонија од 2000-та година, а во брошурите кои беа поделени на присутните јасно беше нагалсено дека тие се десничарска невладина фондација формирана од десничарската ЦДУ и финансирана од владата на Германија и дека сите овие години тие обучувале политичари од Македонија, ги праќале на студии, ги канеле на конференции и семинари, итн итн, па логично и легитимно беше интервјуто да биде и за тоа а не само за екологија.

Но штом господинот Рау ги слушна прашањата кои беа малце незгодни, тој збесна, го прекина интервјуто и ја викна својата асистентка и почна да бара интервјуто да не се објавува наводно затоа што било надвор од тема и не очекувал толку тешки прашања?!?!? Првин тој не прифати аудио или видео интервју туку само пишано затоа што наводно имал многу лош англиски па интервјуто го водевме напишано, фаќав белешки од неговите одговори се до моментот кога тој збесна па јас ја вклучив камерата на мојот мобилен телефон за да имам докази за оваа сторија за да не мисли јавноста дека измислувам.

А прашањата беа следниве, и соодветните одговори:

1. Колку време сте директор на Конрад Аденауер во Македонија, на што тој одговори само три месеци.

2. Кој е вашиот коментар за бомбите на Заев? На што тој одговори дека треба да се решава низ дијалог сите проблеми и дека не е сигурен дека снимките се веродостојни.

3. Да се случеше вакво нешто во Германија како ќе реагираше тамошната јавност? Тука тој кажа дека Германското општество не е исто со македонското на што јас малку избувнав и му реков што значи тоа дека ние сме ретардирана нација, на што тој се налути дека му импутирам и го прекина интервјуто. Во тие моменти јас му го поставив и четвртото прашање кое тој не го одговори пред камера:

4. Дали вашата фондација има грижа на совест затоа што 15 години ги советува ВМРО ДПМНЕ како да победуваат н аизбори и како да владеат а резултатот гледаме дека е поразителен.

Еве ја бесната реакција на господинот Рау:

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=c1hBfYAg8ts[/youtube]