(ФОТО+ВИДЕО) Дел од градинката „13 Ноември“ по 64 години современ и реконструиран објект

0
775

Gradinka-1-640x320

„Децата од градинката „13 – ти Ноември“ не го кријат своето задоволство од делот на новиот реконструиран, современ, еколошки објект.

Благодарност од нив до градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски и општината за реконструираниот дел и проширување на нивната градинка.

Децата од овој дел на општина Центар по цели 64 години престојуваат во многу подобри услови. Од стариот, руиниран објект останаа само ѕидовите. Се’ друго е комплетно ново и квалитетно изработено во што денеска се уверија градоначалникот, советниците и службите од општината.

Реконструирани се канцелариите,ходниците, санитариите, кујната.

Конечно е решен огромниот проблем со влагата, која имаше штетни последици врз здравјето на децата и вработените, како и со руинираниот паркет и ламинат.

Отпадните фекални води од објектот, со новопроектираната инсталација, се дистрибуираат со постечкиот приклучок до градската канализациона мрежа.

Сега следува втората фаза од реконструкцијата, а тоа се горниот дел од занималните, тоалетите, фасадата и административните простории кои ќе бидат готови кон крајот на ноември.

„Градинката „13-ти Ноември“ со ова ќе биде современ, енергетски-ефикасен објект“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Gradinka-2 Gradinka-6 Gradinka-3 Gradinka-4 Gradinka-5