Форумот на жени на ДОМ ја поддржува иницијативата за 40% жени во политиката

0
131

IMG_20151006_130819-640x320

„Форумот на жени на ДОМ ја поддржува иницијативата на Македонското Женско Лоби за зголемување на квотите за помалку застапениот пол, од сегашните 33% на 40%. Оваа иницијатива беше поддржана од претставничките на женските организации на политичките партии во Република Македонија, како и од госпоѓата Луиза Винтон-постојан координатор на ОН во Република Македонија, на конференцијата која минатата седмица се одржа во Скопје во организација на Македонското Женско Лоби.

Форумот на жени на ДОМ, на 8 Март оваа година покрена иницијатива за 50% жени на изборните листи и доби поддршка од женските организации на неколку политички партии и невладини организации. Сметаме дека е праведно жените кои се половина од населението соодветно на тој процент да бидат застапени и во политичкиот живот. Тоа ќе доведе не само до остварување на правата на жените како човекови права, туку и искористување на потенцијалот на многу компетентни, високо стручни кадри, што ќе доведе до прогрес на општеството, во сите сфери на општествениот живот.

Апелираме до сите учесници во работната група за измена на Изборниот законик да ја поддржат оваа иницијатива“, се вели во соопштението на ДОМ.