Заев да формира влада што поскоро пред фашистите опиени од крвта со која распрскува Груевски да земат невина жртва

0
1400

Нивниот фирер порача: Не можам да ги предвидам реакциите на народот ако Заев не ја повлече платформата. Со други зборови им даде зелено светло на своите фашисти за физичка агресија, врз останатите граѓани.
Шапот и лигавката Ѓорѓе рече: Армијата е спремна да ја одбрани Македонија.
Џамбазов пее: Во Форца, во Форца… А на многумина им се слуша: Во борба, во борба… И со право. Баш го погодија периодот кога ја емитуваат таа реклама.
Се како да води кон едно решение за Груевски – ВОЈНА.
Не верувам дека тоа ќе го дозволат омразените странски фактори, иако да сум јас на нивно место ќе речам: Сакаат војна? Да им ја дадеме. Пуштете ги малоумнине да се исколат меѓусебе како во Босна, па да видат како е.
Мој совет, викнете собрание, изберете претседател и формирајте влада. Ако им е целта да го допонижат Иванов да им го даде лично мандатот, џабе губат драгоцено време. Него ни Ариел не го пере. Ако се плашат од реакциите на грујовите фашисти и платеници, пак губат време, зашто они се спремни за нереди и линчови без разлика кога ќе се формира владата. Вчера фашистите пак удрија новинар со дршка од знаме во главата. Тие се опиени од мирисот на крвта кој го распрскува Груевски. Затоа веднаш формирајте влада, оти секое одолговлекување ќе земе некоја невина жртва, сигурно.

Фејсбук статус на актерот Сашо Тасевски