ФОКУС: 24 илјади гласачи имаат пасоши, но не и лични карти

0
191

Од неофицијални избори во МВР Фокус дознава дека од доставените 71.793 спорни гласачи во Избирачкиот список кои што биле испратени за проверка во МВР, за 68.965 е утврдено дека поседуваат патни исправи-пасоши. Од овие 68.965 кај 24.413 е утврдено дека имаат пасоши со живеалиште на македонска адреса но немаат лична карта, иако личната карта е основа за живеалиште.

Неофицијално, се дознава дека разликата од 24.413 до 68.965 се уште е во фаза на проверка. Бидејќи е огромна и сложена операција, проценките се дека во најбрз можен рок проверката може да заврши за миниум 2-3 месеци. Се уште е неизвесно дали ова ќе биде доволна причина ДИК да заклучи дека нема услови за избори на 5-ти јуни?