ФОКУС: Хашкиот „херој“ врти бизнис од 300.000 евра!

0
937

Во новиот број на Фокус:

НИЕ КРАДЕВМЕ, А СДСМ НЕМАШЕ ПРОГРАМА!!!
И кога се фатени корпус деликти како Диме, и кога ревизорски ќе се откријат мучките како во Образование, и кога со свои очи сте ја гледале тортурата при апсот на Љубе или уривањето на Космос, а потоа преку бомбите и со свои уши сте ги слушале нивниот триумфализам или садистичкото смеење, тие се вадат со ступидарни одбрани. Од нивните злодела ќе може да се сними филм како за Ескобар, а одбраната им е за козерија ала Монти Пајтон.  

„ЕРИКСОН“ СО ИЗБРИШАНИ ТРАГИ
Податоците од серверот на „Ериксон“ што ги доби СЈО не може да одговорат кој од агентите прислушувал и кого. Во нив имало само траги дека се избришани податоци од системот за прислушување. Главните архиви со податоци од прислушувањето се уништени заедно со израелската опрема

СПАСОВ КАКО УСАИН БОЛТ
Главниот сомнеж е дали министерот Спасов и избегал на полицијата за да скрие дека бил пијан. И како воопшто полицајците му дозволиле да избега? Толку ли брзо трчал? На сите им е јасно доколку наместо него бегаше некој „обичен“ граѓанин, не само што ќе го фатеа, туку и ќе го искршеа од ќотек!

„ХЕРОЈСКИ“ БИЗНИС
Само три години откако излезе од затвор, Јохан Тарчуловски вртоглаво напредува. Тој е организациски секретар во ВМРО-ДПМНЕ, но тера и сопствен бизнис. Неговата фирма „Мел-Ком транс Дооел“ работи со огромни приходи, кои во 2015 година достигнале 343.729 евра

ЖРТВА ИЛИ ПОЛИЦИСКИ СОРАБОТНИК
Според документацијата до која стаса редакцијата на „Фокус“, „жртвата“ од „кодошењето“ на Јадранка Костова, која беше лустрирана, од обработувано лице под псевдонимот „Тутунар“, прво станала полициски информатор, за да дотурка со степен на соработник на тајната полиција

САНИТАРЕН КОРДОН
Кога некој вели дека со ВМРО-ДПМНЕ не смее да се коалицира, се мисли на тоа оти по изборите мора да почне демонтажа на режимот и кривично-правна одговорност за Груевски и дружината. Тоа исклучува амнестија или помирување, особено не помирување со Фамилијата

КАКО ДА СЕ ЗАРАБОТИ ГЛАСОТ
Народот гледа на партиите и коалициите како на „шкарт роба која премногу кошта“. И за кого тогаш да го дадат гласот стопати до сега изиграните и измалтретираните? Дали за сосема забеганите, распашаните или за добро нафатираните? Сигурно не за недокваканите и уфилманите

Колумнисти:

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Да се фалите дека во времето на своето десетгодишно владеење државата сте ја направиле рајска градина во која цветаат рози, луѓето се бескрајно среќни, а птиците пеат за славата на „лидерот“, е знак, не само на вашиот идиотизам, туку и на верувањето дека и сите останати во државата се идиоти

Ана ПАНОВСКА
Отсекогаш сум ги презирала ваквите плачковци како Илија Димовски и Антонио Милошоски: амбициозни трупчиња, блазирани подлизурковци, подзамижани фаци со укочено лице и цимолкаво оправдување, кои единствено знаат да набедат секогаш некого друг за сопствениот неуспех ‒ „Учителката е крива!“

Гордана ПОПСИМОНОВА
Државни раководители стануваат манипуланти, криминалци, неизживеани тинејџери, а државата – распашана команда, во која костумосани битанги прават кафеански баханалии од илјадници евра, користат хотели со пет ѕвезди и си ги развозуваат љубовниците во службени џипови

Александар ТОРТЕВСКИ
Доколку како единствен запис од наше време би останале документите за „херојството“ на Диме Спасов и случајот со дивоградбата на претседателот на судот Владимир Панчевски, тогаш по неколку илјади години би можелo многу лесно да се утврди степенот на правен и морален распад на нашиот систем

Рамадан РАМАДАНИ
Ахмети и ДУИ се наоѓаат пред судбоносни избори во кои ќе им биде одредена судбината. Постојат многу фактори, анализи и аргументи за ова мое смело предвидување дека ДУИ и Ахмети на овие избори ќе освојат најмногу два пратеника, и тоа само во шестата изборна единица