ФОКУС: Стевчо Јакимовски – Џокерот на Бранко, громобран на Груевски!

0
320

Во новиот број на неделникот „Фокус“ ќе читате:

ДА НЕ ИМА „БОМБИ“ И ЗА НЕКАКВА ПЕДОФИЛИЈА!?
ДПМНЕ-пастирска редовно поентира со „амнестираниот криминалец Зоран Заев“. И си замислувам како во иднина ќе следува реплика од СДСМ, „амнестираниот криминалец Никола Груевски“. Или, уште појако, „коалицијата меѓу амнестираниот криминалец Груевски со помилуваниот злосторник Ахмети“. Има шанси дури повеќето носители на изборните листи да бидат „амнестирани криминалци“. Небаре се избира пратеник од Идризово!

ВОДИЧ ЗА ИЗБОРНА КРАЖБА
Власта ги исмејува обвинувањата на опозицијата за изборни нерегуларности, но, анализата на изборите во 2011 година покажува дека доколку ДПМНЕ и ДУИ освоеле само 16.000 гласа помалку, ќе добиеле 6 пратеници помалку, кои автоматски би ги освоила опозицијата, која со таква прераспределба на мандатите би можела и да победи

ВО ЗЕМЈА КОЈА НЕ Е СЛОБОДНА, НЕ СЕ МОЖНИ СЛОБОДНИ ИЗБОРИ
Груевски е човекот кој се плаши и од сопствената сенка. Затоа, веќе никој не му се плаши. Зошто и од што всушност поранешниот премиер Никола Груевски од сѐ се плаши? Голем страв го држи, велат, изгледа ноќе не можел да спие, сѐ почудно и попанично се однесува? Според некои од неговите, дури бесно, налутено и хистерично. Стравот доаѓал од „Досието Македонија“ кое лека-полека, не секогаш лесно, понекогаш на „буткање“, неминовно се спроведува.

ГРОМОБРАН НА ГРУЕВСКИ
Зошто Стевчо Јакимовски се претвора во политичка преторијанска гарда на режимот, кога Мијалков, Јанкулоска, Јанакиески се набиени во глувчешка дупка, а Груевски политички се тетерави. Дотаму ли Стевчо нема никаков излез или како политички мршојадец нешто сепак наумил?

БРОЈЧАНИКОТ НА СТАВРЕСКИ
Што преостанува во вакви услови, кога државната каса не се полни со предвидената динамика, а трошоците се дури и поголеми од предвидените? Ако се исклучи можноста за продолжување на задолжувањето, останува единствената можна мерка да се зголемуваат даноците, што веќе почна да се прави

ЦЕЛА ПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ
Полицајци вработени во времето на екс министерката Гордана Јанкулоска се обратија во нашата редакција, тврдејќи дека последните неколку години МВР не им исплаќа патни трошоци иако живеат и до двесте километри далечина од Скопје, па речиси целата плата им оди за превоз или за кирија во главниот град

КОГА ПРАВДАТА ИМ ВРТИ ГРБ НА ПРАВЕДНИТЕ
Братот и сестрата Грана Богдановска и Јовица Стоилковски од Куманово, пред 15 години се израдувале дека се единствени наследници на дедовиот имот вреден еден милион евра. Но, кога почнале со постапка за денационализација, дознале дека некој со релации во Судот и во Комисијата за денационализација ги искористил нивните документи и го приграбил имотот. Оттогаш почнува битката на наследниците со државните институции.

БОРБА ЗА ОПСТАНОК
Ако се занимаваш со политика, една група луѓе ќе те замрази, колку и да си заслужен за татковината. Таков е Стојанче Ангелов, човек што крвавел на фронтот за Македонија, а послушниците на пастирот го напаѓаат со највалкани лаги. Но, кога веќе те мразат, зошто да не им дадеш и причина за да те мразат, така што ќе ја поразиш нивната партија на избори?

Колумнисти:

Ана ПАНОВСКА
За тоа што правел Б.Ц. во последниот вторник во март во ’96-та сите знаеме. Можеби го тешел Орце Камчев за пропаднатиот избор за пратеник, можеби го тупкал по рамо младиот Боцевски ‒ можеби со Мирка кроеле кадровска политика. Драги мои вмровци, се враќаме во сегашно време

Александар ТОРТЕВСКИ
Интервјуто на Хорхе за Германците беше во стилот на балканските фраери кои јадат ќотек од жените и кои секогаш кога дома ќе се обидат да кажат нешто, добиваат заушка. Арно ама, кога ќе фрлат две три брљи, тогаш се спремни да се тепаат со Тајсон и Кличко заедно

Рамадан РАМАДАНИ
За жалење и опасен е фактот дека вакво нелегитимно суштество може да објави војна во име на земјата или да направи некоја друга штета, која е несогледливо поголема од чувството на срам

Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Главниот проблем на македонската полиција е што таа се уште се смета за милиција односно за УДБА. Реално, таа е тоа, бидејќи ги штити владеачката партија и нејзиниот лидер од граѓаните – потенцијални непријатели и криминалци