ФИЈАСКО НА ВМРОВЦИТЕ ПО ОБИДОТ ЗА ИНТЕРПЕЛАЦИЈА НА МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ, НИКОЛА ДИМИТРОВ : СО 59 ГЛАСА „ПРОТИВ“ И 20 „ЗА“ ВО СОБРАНИЕТО НЕ ПОМИНА ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА ЗА ДИМИТРОВ ПОДНЕСЕНА ОД ВМРО-ДПМНЕ

0
452

Пратениците со 59 гласа „против“ и 20 гласа „за“ не ја прифатија интерпелацијата за министерот за надворешни работи Никола Димитров, поднесена од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ го обвини Димитров дека ги прифатил сите максимални барања на Грција за решавање на спорот за името, негов прв пораз бил Договорот за добрососедство со Бугарија и дека го навредил македонскиот народ со изјавата дека бил искомплексиран.

Министерот Димитров во завршното обраќање вечерва, ги повика сите пратеници од власта и од опозиција да се фокусираат на приоритeтите и да дебатираат за економијата.