Фирмата на пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец, доби грант од 10 милиони денари

0
236

10 милиони денари од Фондот за иновации доби печатницата ,,Гинис” од Прилеп чиј косопственик е пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец, заедно со Гордана Ацеска. Во изводот во Централниот регистар пишува дека станува збор за друштво со ограничена одговорност за производство, промет и услуги, со основна главнина од 5 милиони и 43 илјади денари.

Парите им се доделени во првиот јавен повик за финансирање на микро, мали и средни претпријатија од Планот за економски раст. Осумдесет домашни микро, мали и средни компании добија грантови преку мерките од третиот столб на владиниот план за економски раст. На повикот објавен од Фондот за иновации и технолошки развој се пријавиле 236 компании.

За грантовите од истиот Фонд за иновации, реакции во јавноста имаше и за грантот од 10 милиони денари кој го доби весникот „Слободен печат“.

Извор : МакФакс