Финските поштари ќе косат тревници

0
332
42-16604421

Финските поштари одлучија да ги прошират своите услуги. Имено, на заинтересирани лица освен писма и пакети еднаш неделно поштари ќе им бидат на располагање за косење тревници пред домови.

Новиот сервис ќе се нуди од мај до август. Финската државна пошта се соочува изминатите години со пад на прометот, па иницијативата на граѓаните да им се понудат такви услуги за косење трева дошла од самите вработени, објави финската телевизија YLE.

Час косење трева во двор ќе чини 60 евра и поштарите ќе може да косат само во вторник кога испораката на поштенските пратки е помала отколку во други денови во неделата. Сопствениците на тревниците мора да имаат своја косилка.