Фикусот ХОРХЕ Валандовски чека официјално известување дека нема нова влада

0
413

По добивање официјално известување од Собранието на Република Македонија, дали мандаторот има поднесено програма и предлог за состав на нова Влада на Република Македонија, претседателот Ѓорге Иванов ќе почне консултации со надлежните институции и политичките партии, велат за МИА од кабинетот на претседателот Иванов.

– Со оглед на истекот на утврдениот рок во членот 90 од Уставот на Република Македонија, Собранието на Република Македонија е должно да го извести Претседателот на Република Македонија, дали мандаторот има поднесено програма и предлог за состав на нова Влада – е став од кабинетот на претседателот на РМ.