Фајненшал Тајмс го запукаа ДПМНЕ : Една од најголемите изборни измами во Европа во последните децении

0
401

Либертас ви пренесува превод на македонски јазик на текстот на реномираниот весник Фајненшал Тајмс за актуелната политичка состојба во земјава и за скандалот за изборни измами за кој објави СДСМ:

7483838322-540x274

 

Линијата прекинува, но гласот на телефонската снимка е јасен. „Струјата за лифтовите требаше да биде исклучена утрово. Сега ние ќе ги исклучиме механички“, вели човекот.

Човекот кој говори на снимката – според лидерот на македонската опозиција е Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски на земјата. Датумот е 27 април минатата година, на истиот датум кога беа и изборите. Мотивот на господинот Јанакиески? За да ги спречи постарите жители во станбена зграда да излезат од своите домови за да гласаат против владата.

Овој разговор е само еден мрачен детал од она што произлегува како еден од најлошите изборни скандали во Европа во поновата историја. Владата на Република Македонија се наоѓа под меѓународен притисок за решавање на обвинувањата дека организирала голема шема за фалсифкување на изборите за да ја украде победата на минатогодишните парламентарни избори. Тврдењата за изборна измама се најновите обвинувања кои произлегуваат од политичкиот хаос што ја зафати малата балканска држава во последниве неколку недели, труејќи ја својата политичка клима и нанесувајќи им удар на амбициите за членство во ЕУ.

Од 9-ти февруари, лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев, има објавено осум сета на снимени телефонски разговори, за кои се тврди дека откриваат официјално прислушување на новинарите, селективно гонење на политичките противници и масовна гласачка измама во земја-кандидатка за членство во ЕУ. Тој не соопштува како ги добил овие ленти. Властите му го конфискуваа пасошот на господинот Заев како одговор на протечените разговори и го обвини за вршење на државен удар поддржан од страна на странски разузнавачки служби. Полицијата во средата рече дека тие оттогаш поднесе кривична пријава против него.

Ако обвинувањата за изборен фалсификат се докажат како точни, тоа ќе биде една од најзначајните изборни измами изложени во Европа во последниве децении и европски функционери велат дека ќе бидат потребни нови избори.

„Имаат издадено повеќе од 100 илјади лажни лични карти. Искористиле 9 милиони евра државни пари за изборите; за трошоците за кампања и за директно купување на десетици илјади гласови, кои се во износ од 22 отсто од сите гласови“, изјави Заев за Фајненшал Тајмс.

Во една од снимките, жена за која се верува дека е Гордана Јанкуловска, македонскиот министер за внатрешни работи, дискутира за „увоз” на етнички македонските гласачи од градот Пустец во соседна Албанија, регистрирање на до 50 од нив како гласачи на индивидуални адреси и инструкции да гласаат за владејачката партија. Јанкулоска не беше достапна за коментар.

Неколку од снимките го вклучуваат и Никола Груевски, премиерот на земјата, и неговиот прв братучед Сашо Мијалков, кој раководи со разузнавачките служби во земјата. Партијата на господинот Груевски, ВМРО-ДПМНЕ е на власт во земјата од 2006 година, една година по добивањето кандидатски статус во ЕУ. Груевски не ја негира автентичноста на снимките “, но вели дека тие биле селективно едитирани.

Некои од снимените разговори, исто така, откриваат тензии во владата на господинот Груевски во врска со неговата раскошна преобразба на центарот на Скопје во барокен музеј на отворено на величествените античките херои. Проектот засега чини повеќе од 400 милиони евра.

„Ние сме лудаци. Ние трошиме пари за чоколада, а немаме леб дома, тоа е она што го правиме“, вели човек за кого опозицијата тврди дека е Зоран Ставрески, министер за финансии на земјата. Повторувајќи ги забелешките од страна на министерот за транспорт и други, господинот Ставрески вели дека снимките биле силно изменети за да се создаде негативен впечаток за владата.

„Обвинувањата се користат како форма на политичка уцена”, изјави Никола Попоски, македонскиот министер за надворешни работи, кој призна дека контроверзноста може да ги обесхрабри инвеститорите и да ги наруши односите со европските соседи. „Ова дефинитивно ќе има негативни последици за нашата кандидатура за членство”, рече тој.

Со можноста за членство во ЕУ и НАТО, западните влади се надеваа дека би можеле да се скротат латентните етнички тензии во Македонија, да се реши долготрајниот спор со Грција и да се охрабри либералната демократија во поранешната југословенска република.

Наместо тоа, претставниците на ЕУ признаваат „сериозна загриженост“ во растечката нестабилност во земјата, каде што опозицијата го бојкотира Собранието, по парламентарните избори минатиот април.

„Водачите на земјата сега мора да дејствуваат и ја вратат својата земјата назад од работ на бездната, во интерес на своите граѓани”, вели портпарол на Европската комисија, која истакнува дека откритијата ги повторило стравувањата за изборите манипулација изразени од страна на набљудувачките мисии. „Очекуваме надлежните органи да ги испитаат овие тврдења веднаш и транспарентно на независен, непристрасен и веродостоен начин”, додава таа.

Но, господинот Заев го отфрли планот на владата, доказите да се предадат на македонските судови, наместо да бара нови избори: „Невозможно е да има веродостоен судски процес во нашата земја – тука има директна контрола на судството.”

Во отсуство на дијалог помеѓу власта и опозицијата, извори на ЕУ велат дека делегација на Европскиот парламент може да побара да посредува во кризата, идеја поддржана од Јоханес Хан, комесарот на ЕУ за проширување. Опозицијата вели дека само нови избори спроведени од експертска влада ќе го решат ќор-сокакот.

Текстот во целост на англиски можете да го прочитате на следниот линк (потребна е регистрација).