ФАРМАЦЕВТСКИОТ ГИГАНТ АЛКАЛОИД 2017-ТА ЈА ЗАВРШИЛ СО РАСТ ОД БЕЗМАЛКУ 10 ПОСТО И 143 НОВИ ВРАБОТУВАЊА, ШТО Е РАСТ ЗА РЕСПЕКТ ЗА ТАКОВ ГИГАНТ!

0
468

„Алкалоид“ оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – декември 2017 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех.

 

Според единечниот Биланс на успех, во периодот јануари – декември, продажбataбила поголема за 8% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација која изнесува 1.305.754.848 денари, бележи зголемување од околу 8%, единечната нето добивка изнесува 765.954.710 денари и истата е зголемена за 9%.

 

Дополнително во периодот јануари – декември 2017 година во Алкалоид се реализирани 143 нови вработувања.

Ова е навистина за респект, лесно е да се расте 10 посто ако си мала фирма на почеток на работење, но да си гигант со 80 години историја и пак да растеш 10 посто е навистина нешто за респект!

Браво за Живко Мукаетов!