Фалкао на позајмица ќе го засили Челзи

0
369

Радамел Фалкао ќе остане и следната сезона во англиската Премиер лига, откако шампионот Челзи го позајми од Монако, исто како што минатата сезона тоа го направи Манчестер Јунајтед.

falcao-chelsea-2

Колумбиецот во изминатата сезона постигна само четири голови на 26 натпревари во Премиер лигата, поради што Јунајтед се откажа од намерата да го откупи договорот.

Меѓутоа, Жозе Мурињо верува дека ќе успее да го врати Фалкао во формата од пред една ипол година, кога беше еден од најдобрите голгетери на светот.

Челзи и Монако наводно направиле сличен договор каков што францускиот клуб имаше со Јунајтед минатото лето.

Фалкао во центарот на вниманието дојде во Порто пред пет години, кога постигна 21 гол на 21 европски натпревар. Во 2011 година премина во Атлетико Мадрид за 40 милиони евра и постигна 70 голови во 90 натпревари.

Две години подоцна премина во Монако за 60 милиони евра и постигна 13 гола на 22 меча, по што имаше тешка повреда на коленото.