Уште ова му фалеше на Грујо, БУЏЕТОТ ПРЕД КОЛАПС: Наместо 70,6 кредиторите на државата и позајмија 48,9 милиони евра, утре треба да се вратат 101,4 милиони евра!

0
293

Министерството за финансии денеска издаде шестмесечни, едногодишни и десет годишни државни обврзници со што од домашните банки, пензиски и осигурителни друштва позајми вкупно 48,9 милиони евра. Сепак, оваа сума е за 21,7 милиони евра помала од првично најавениот план на задолжување според кој денеска државата требаше да позајми на домашниот пазар 70,6 милиони евра.

Според календарот на Министерството за финансии, државата треба да им врати на домашните кредитори 101,4 милиони евра од претходно издадени државни обврзници кои што доспеваат утре.