Утре ќе се пеглаат законите за медиуми и за влада

0
229
Утре претставници на четирите партии потписнички на договорот од Пржино ќе треба пак да се сретнат за уште едно усогласување за измени во законите за медиуми, за МВР и за Влада. По усвоените измени во Изборниот законик и овие законски измени беа договорени на последната средба на работните групи на четирите политички партии на 20 јули, но во петокот не беа усогласени.

Во однос на Законите за медиуми ќе треба да се предвиди назначувањето на главниот и одговорен уредник на националниот сервис кој треба да го предложи опозицијата како и формирањето на ад хог тело кое треба да ја мониторира работата на медиумите 100 дена пред одржување на изборите. Измени кои и за дел од познавачите на оваа проблематика беа спорни.

Во Законот за Влада треба да се ограничи мандатот на министрите, тие се повлекуваат од фунциите откако Државната изборна комисија ќе ги објави официјалните резултати од изборите но и да се фиксираат кадровските измени на 15 раководители во МВР што ќе има право министерот да ги направи.

Во преодните и завршни одредби на Законот за полиција ќе треба да биде наведено дека последните измени што беа направени пред неколку недели, а се однесуваат на ингеренциите на министерот, стапува на сила од јануари следната година.

Во петокот на партиите им требаше цел ден за да ги услогласат измените на Изборниот законик, кој беше изгласан после полноќ.