Утре нови директори на БЈБ и УБК! ЧАВЧЕТО И КОМПАНИЈА ЧЕ СИ ЛЕЖА!!!

0
1502

Митко Чавков го троши последниот директорски ден во Бирото за јавна безбедност – дознава ТВ 24 од извори во МВР. Барање за негово разрешување поднесе уште екс министерот за внатрешни Агим Нухиу, а според нашите извори, на утрешната владина седница се очекува Митко Чавков да биде разрешен.

Директорот на БЈБ беше и шеф на оперативниот штаб за време на крвавиот упад во Собранието. Во извештајот на работната група на министерството, Чавков беше посочен како одговорен за настаните, бидејќи не извршил безбедносна проценка и не издал навремена наредба иако имал дојава, со што го овозможил упадот во законодавниот дом. Утре се очекуваат смени и на другите раководни функции во МВР,. Освен Чавков, најверојатно Владата утре ќе го разреши и директорот на Управата за безбедност и контаразузнавање, Владимир Атанасовски.

 Тој заедно со Чавков, во извештајот е посочен како одговорен за крвавиот упад во кој беа загрозени животите на дел од пратениците и медиумските екипи. Атанасовски е на чело на УБК од септември минатата година. Нашите извори во МВР брифираат дека утре ќе биде именуван и државен секретар во министерството, но се уште не откриваат имиња. Министерството за внатрешни работи потфрли на крвавиот 27 април, а претходникот на Спасовски тогаш рече дека структурите на МВР нанеле сериозна штета на државата со што стана сосема извесно дека промените ќе почнат токму од раководните функции во ова министерство.