Уредникот на Окно, Никола Гeлевски жестоко ги крена на клоци Оффнетовци: Јуруковски бре, заменик уредниче, па ти се закопа!

0
251

images

Уредникот на Окно жестоко ги дигна на клоци бандитите од Офф Нет:

Јуруковски!

Заедно не сме паселе овци за да ми се обраќаш со „ти“ и со Коља. Ниту те познавам, ниту кога било во животот сум слушнал за тебе. Читајќи ја некни твојата небулозна исповед, која во некои делови има и форма на писмо кон мене, сфатив, Јуруковски, зошто никогаш не си влегол во зоната на моите радари: таквата плиткост и испразност навистина не заслужуваат внимание.

Ljupco-i-Ljupco

Но кога веќе, замениче уредник, со вториов текст самиот си се напенали и се дозакопа (иако баеги закопан веќе со првиот дезориентиран текст кој го привлече нашето внимание, не за друго, помисливме дека е на Трендо кичерот; а бидејќи кичот е кичмата на овдешниот зачмаен ум ‒ мораме да го следиме Трендота, чат-пат), ајде да го извршиме чинот на јавна хигијена и да ти посветиме, замениче, малку внимание.

Зошто тврдам дека се дозакопа? 

Целиот текст го имате на следиов линк.