УБИЕН ПОЛИЦАЕЦ ВО КУМАНОВО

0
415

Полицаец од СВР Куманово е прободен со нож додека интервенирал за семејно насилство во кумановската населба Средорек. Од задобиените повреди полицаецот починал.

Убиството се случило пред 23 часот во сабота во семeјство каде било пријавено дека насилник ги малтертира домашните. Кога полицаецот влегол во куќата насилникот се нафрлил врз него и го пробол со нож во грбот. Од задобиените повреди полицаецот починал на лице место.

Од Основното јавно обвинителство Куманово информираат дека дежурен јавен обвинител врши увид во населбата Средорек во Куманово, каде што при интервенција по пријава за семејно насилство животот го загуби еден припадник на полициските сили.

Имено, при интервенцијата, пријавениот за семејно насилство ги нападнал четворицата полицајци кои дошле во неговиот дом, при што на едниот му нанел убод со нож во пределот на грбот.

Поради сериозноста на повредата полицаецот починал пред да пристигне екипата за медицинска помош.

Увидот е во тек, а напаѓачот е приведен.

Извор : СДК