ТРИЧКО : Штица за спасот на ВМРОНИТЕ што се закануваат дека ќе црнат иднина кога ќе дојдат на власт

0
2272

На говњарите кои се закануваат дека ќе им ја поцрнат иднината на луѓето кога ќе дојдат на власт, јас им ја спротивставувам божествената проекцијата на здравиот разумот која вели дека тие никогаш нема да дојдат на власт, плус светлата иднина за сите што ја нудиме ние додека говњарите пливаат во своите базени, ги острат црните бои на злото, ебат по некоја коза пред да прилегнат од два до четири и чекаат да дојдат на власт

Кретенчуги.

“Треба да тежнееме да се разбуди свеста за нивната нереалност, за онаа фикција со која живеат и таа свест да стане кај нив решавачка. Треба да им се повторува: ти не си таков, ти веќе навистина израсна над она што го говориш, се однесуваш така затоа што се ориентираш спрема другите, учествуваш во обред затоа што сите учествуваат, лажеш затоа што сите лажат, но и ти и ние сите сме подобри од фарсата во која настапуваме- тоа треба да им се говори додека таа мисла за нив не стане штица на спасот. Таа врста на Кетман неопходно ни е потребна. Мораме да се почувствуваме како глумци во лоша претстава кои во своите тесни и лоши улоги не можат да се покажат. Таа свест ќе ни овозможи макар да ја сочуваме нашата зрелост до времињата кога ќе можеме да станеме постварни.”

Јас мислам дека од оваа гомбровистичка понуда за политички поразените и морално самоуништените, за изгубените во просторот и во времето, за луѓето кои во еден момент од една или друга причина беа преминале или веќе беа биле на погрешната страна на историјата, тешко може да се смисли нешто подобро, повитешко, поаристократско, ако сакате. Од оваа филозофија која води сметка за дигнитетот на поразениот и истовремено ја зауздува страста на победникот, ја култивира низ витешката платформа на која го искачува моралната супериорност импрегнирана во тој благороден гест и во неговата одговорност за општото добро.

Мислам дека овој пристап е добар за заедницата, за општата кондиција на општеството, за јакнење на неговите кохезивни фактори, за неговата интеграција.
Говорам за феноменот кој успеа како најопасен вирус да влезе во организмите на луѓето и да ги разори нивните личности, нивниот интегритет и нивниот природен разум и да ги испокине нивните морални лигаменти. Се разбира, јас дозволувам дека луѓето веќе биле културолошки и фолклорно, а потоа и социјално, предиспонирани за таков вид на болест, но како и да е, независно од тоа дали вирусот ги нападнал луѓето или тие чекале да ги нападне, општеството и државата треба да реагираат според адаптираните упатствија на господинот Витолд.

За феноменот на вмро и на вмро-дпмне, за тоа тука станува збор.

Посебна е приказната и посебен пристап бараат оние кои во ширењето на тој вирус видоа згодна прилика да ги соберат болните и да ги организираат во Злосторнички потфат, односно во Злосторничко здружување, во кое луѓето беа пуштени како кучиња од синџири врз општото добро, во општа пљачка под патронат на државата и со занес дека преку таа пљачка “на комунистичкото чедо”, тие, всушност, ќе ја спасат Македонија, едно феноменално алиби за простата маса, која вооружена со него, не остави камен на камен од тоа чедо и целосно го прелеа, помалку во своите џебови, а многу повеќе во џебовите на Николче и на неговата фамилијарна банда.
Нивната судбина е во предметите на СЈО, односно во салоните на правдата.
Не се сомневам дека ќе наебат.

Затоа што злото што го оставија зад себе е епохално, општовидливо и неуништливо како најимперативен доказен материјал и како шок врежан во колективната меморија на народот, депониран таму на илјада години.
Ги заеба последното парче месо од оглоданиот костур на Македонија, која реши да стане од мртвите во нивната уста.

Но, телото на злосторничката инсталација, тие илјадници луѓе кои и подлегнаа на хистеријата, на предизвиците на злото, на комоцијата на омразата кон шиптарите, кон комунистите, кон европјаните, кон мигрантите, кон грците, кон бугарите, кон србите, кон педерите, кон американците, тие не можеме да ги оставиме на другата страна од ендекот што ќе го ископаме како победници на историската битка за Македонија. Не ги амнестирам и најмалите злосторници.

Правдата мора да важи еднакво за сите. Но, на општо ниво, мораме да ја испратиме мисијата на просветителството, на добрата волја, не само на правноста и правдата, на процедурата, на свеста за различноста која не смее да излегува од општиот модел зашто во спротивно се јавува како деструкција и тоталитарност. Не знам како, но знам дека тоа е императив. Веројатно, со постепено култивирање на медиумскиот простор, со ослободување на образовниот систем од партиските стеги, со ослободување на функциите на институции какви што се МАНУ или, дури, МПЦ. И така натаму.

Полека, но, сигурно.

Трпеливо.

Со свест за тоа дека празнините во историските натрупувања не можеме да ги пополнуваме бргу и со тековни ѓубриња туку полека и со квалитетен политички и културен материјал.

Со радикална ревизија на тие празнини, лаги и нелогичности, особено во доменот на историјата, а најособено на темата за вмро. Тоа чудовиште мора да се подвргне на бомбардирање со растурачки честички кои ќе му ја уништат привлечната моќ така што ќе му го откријат вистинското лице пред современиот македонски човек.
Понекогаш ми се чини дека со годините станувам поконзервативен, но бргу сфаќам дека тоа е само импресија која доаѓа од интересот за стабилноста.

Но, гледајте, јас не сум за стабилност без промени, туку за стабилност на промените, а тоа значи дека се уште не сум се конзервирал.

Хахаха!

Бранко Тричковски