ТРИЧКО СО ЛЕГЕНДАРНО ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА КРАЈОТ НА АФЕРАТА РЕКЕТ

0
2511

Последните кадри на мелодрамата

Во поштенското сандаче на “Офаманаман” некој го оставил стикчето со завршните кадри на мелодрамата “Рекет”:
Катица Јанева, во “натуци” фотеља на вртење, ја гледа последната епизода на Игра на троновите и си ги расте трепките со помош на новиот препарат “биоксин”.
Орце Камчев ебе некоја женска на џамот на својата соба, додека сексуално вознемирената им испраќа целуфки на комшиите што се враќаат од пазар.

Боки Тредичи, облечен во тренерки “Конверс”, се вози во автобусот број 23 и на патниците им покажува дека “вутонката” му е празна.
“Ало”, вика, “комши, нема ништо, гледаш, аш!”
Испотениот народ ја проследува целата претстава со љубопитство и хорски воздишки “Ахххх, леле, леле, леле, аххх!”
На крстосницата меѓу “Илинденска” и булеварот “Св. Климент Охридски”, Геронимо питачи прошка.
Во црната чорапа пред него се свети по некоја ситна донација.

Груевски е пронајден обесен под некој мост на Дунав.
Сакал да го имитира Роберто Калви.
Меѓу ортомата и вратот, оставил ливче со порака:
“Чувајте ми ги парите, моите пари се и ваши пари!”
И покрај сите напори на екипата, Мицко не е пронајден.
Некој го избришал вмро-дпмне од Централниот регистар на Северна Македонија!
Во последниот кадар, Лигњата брза да ја пререгистрира, но, стигнува предицна, 16.01 е, на вратата пишува “Затворено”,

Крај, Конец, Енд