ТРИЧКО: ЗАЕВ ГО ПРЕГАЗИ МИЦКОВСКИ, ЖАЛНО БЕШЕ ДА СИ ВМРОВЕЦ СИНОЌА!

0
403

Мицковски загуби од Заев како Лајовиќ од Киргиос

Да беше ова американски дуел, анкетите до десет часот ќе покажеа победа на Заев во однос 5:1. Германските анкети би покажале пораз на Мицковски од 1 спрема 7,9. И така натаму. Не знам како ќе биде кај нас, бидејки менталната контаминацијата на хората е исклучително голема, но мислам дека дури и кај вмороните и вморонките, Зоки освои многу повеќе симпатии. Мицковски загуби како Лајовиќ од Киргиос во Мајами!

Лидерот на вмро-дпмне уште еднаш се покажа како човек кој фирсирано конструира катастрофични состојби и проекции, многу над реалните состојби, како човек кој е во перманентна молерофарбарска битка против Македонија, со својата дебела четка и кофа црна боја отпорна на разум, како човек кој брка по папирите и по сеќавањата за да најде нови црни нијанси на посакуваната катастрофичност, што потоа не може да ја ситуира во реалниот живот, како човек кој брка по досието на владата во потрага по нови национални несреќи како што децата бркаат по поклон пакетчињата во потрага по чоколадца, тоа, за разлика од сериозната или дури остра критика, го претставува како чипиран катастрофичар кој навдор од катастрофата нема никаков друг поглед врз Македнија. Тој самиот за себе, а и за својата партија на тој начин формира многу лоша слика и во идејна и во политичка, а јас би рекол и во изборна смисла.

На моменти имав впечаток дека во основа ја има сфатено загубеноста на позицијата против Преспа, односно ЕУ и НАТО, па дури и против СЈО, односно загубеноста и бесперспективноста на политиките шо ги персонализира, но дека останува на браникот од чисто опортунистички причини, заробен во заведената проста маса од која очекува да го доведе на власт. Тоа се разбира нема никогаш да се случи.
Што да кажам за Заев!?

Јас бев против дуелот затоа што мислев дека неговиот дуелот со Мицковски е побесмислен од мојот дуел со шанкот во “Корзо”. Но, се покажа дека неговата подготвеност и спремност за расправа, работи кои имаат покритие во резултатите на неговите политики, а особено силата што му ја дава неговото цврсто верување и посветеноста со кои работи за доброто на Македонија и тогаш кога сите или мнозинството мислат дека немаме никакви шанси, го принесоа пред јавноста како супериорен господин кој е европски дотеран во позитивноста, во оптимизмот и во втемеленоста во реалните геополитички и социјално економски консидерации, како што е Мицковски облечен провинциски во оделото на катастрофата.

Повеќе од десет години не гледам македонски телевизии, ништо, строго ништо, ниту вести, ниту дебати, ниту временска прогноза, ниту бубамари, ниту дуели…Се информирам преку социјалните мрежи и преку селективен и одложен преглед на тоа што ќе ме испровоцира или што ми треба во некоја смисла или по некаков повод. Така беше и со вечерашниов дуел. Таа дистанца ми помага да бидам во право, таа е како сапун кој ти овозможува да имаш чисти раце.
Хаај, Орешани колинг, тенкју фор екстраординари перформанс, мај твелф пинтс гоус тууууу…….
Заааааааеввввввв!!!!!