ТРИЧКО : ЕВАНГЕЛИЕ ПО ГЕРО

0
772

Утре, со почеток во 12.05, во кафето “Корзо”, ќе се одржи јавно читање на текстот “Психо” од познатиот езопист Бранко Геровски. Резервации на тел. 071331026.

Местата се ограничени. Слушање во стоечка положба не се препорачува затоа што можете да треснете, ја од смеа, ја од зашеметеноста што секој слушател ќе ја добие во допирот со непофторливата ментална фрфљофонија на вториот Македонец у космосу, по астронаутот Саво, кој пред неколку години, во орбита околу здравиот разум, го испрати професорот Фрчковски. Перформансот го организира Меѓународниот сојуз за развој на алкохолизмот со идеја да утврди како и колку чистата глупост, форматирана како Евангелие по Геро, делува врз дијализата на алкохолот во крвта на обичниот човек во служба на самиот себе!

Маестро Бранко Тричковски господа и госпожа