Тренеска – Дескоска: Груевски најмногу би сакал да исчезне договорот од Пржино

0
489

renata.deskoska

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ најмногу би сакале договорот од Пржино да исчезне, да го снема, бидејќи тој ги лоцира како главни виновници за состојбата во која се наоѓа државата, а доследното спроведување на договорот од Пржино ќе значи одземање на сите недозволени предности на ВМРО-ДПМНЕ во изборниот процес. Без тие предности, јасно е колкави се шансите за успех на оваа гарнитура, вели потпретседателката на Собранието Рената Тренеска – Дескоска во интервју за Плусинфо.

Во интервјуто таа зборува и за опструкциите кои ВМРО-ДПМНЕ ги прави во Собранието, како за измените на изборната регулатива, за изборот на специјалниот обвинител.

Таа вели и дека е разочарана, пред се, како правник што актуелнава власт ја доведе земјава до вакво дереџе да не постојат функционални институции, па да мора да се „увезуваат” решенија за решавање на „специјални потреби”.

– ВМРО-ДПМНЕ времето за преговори го троши со несериозен пристап надевајќи се дека ќе избегне постигнување на согласност за какво било решение, а за тоа одговорноста да ја понесеме сите – вели Тренеска – Дескоска.

Интервјуто може да го прочитате ОВДЕ