ТРАНСКРИПТ – Мијалков и судијката која со честење ќе му биде „вечно благодарна“ Светлана Костова: Додека не ги добиеме последните пари, тоа се пола милион, да не пуштаат!

0
561

kostova-mijalkov

Разговор помеѓу Светлана Костова и Сашо Мијалков

СМ: Ало?
СК: Да.
СМ: Светле, што правиш?
СК: Еве, тука сум горе.
СМ: Тука си? Кажи ми сега овие, нели требаше да пуштаат, ја ти реков 3 пати по…колку да пуштат?
СК: Да, меѓутоа рековте додека не се платат оние да не пуштаат ништо.
СМ: А ти реков додека не ги добиеме тие последните пола милион да не се пуштаат.
СК: Да, така не пуштаат додека…они ме чекаат секој ден ми се јавуваат. А?
СМ: Е па држи затоа што еве јас сега…они секој ден те бараат за да се пуштат пари, така?
СК: Ме бараат и прашуваат: Светле може да пуштиме?
СМ: Речи затоа што ги немаме добиено последните пола милион…
СК: Да, да, да.
СМ: Нека не пуштаат. Кога ќе ги добиеме последниот милион….
СК: Да му кажувам додека не стигне последната паричка нема плаќање…
СМ: А бе Светле сега јас зборам и ти збориш, слушај ме ја додека зборам.
СК: Добро.
СК: Добро.
СМ: Значи ќе им кажеш: додека не ги добиеме последните пари, тоа се пола милион, да не пуштаат. Следното пуштање нека биде одеднашка, како што рековме, така?
СК: Да. На три пати рекоа и Вие рековте така и јас…
СМ: Три пати, по колку беше?
СК: По 900, некаде 1000 излегува.
СМ: Три пати по 900 и нешто, така?
СК: Да, така. И така му е кажано, и они се јавуваат секојдневно за да биде тоа…
СМ: Ништо нека не пуштаат ништо додека не ги добиеме овие пари.
СК: Да. Со тоа што јас на Влатко му реков во моментот кога ќе биде готово се да ми каже, за да знам јас на време.
СМ: Ама нема Влатко. Влатко само чека пари и он треба да ги префрли…
СК: Не, не Влатко да ми каже дека парите стигнале до него.
СМ: Према добављачот.
СК: Да.
СМ: Океј. Друго што има?
СК: Е па директоре нели јас во понеделник одам. Дали сакав тоа да Ве прашам…
СМ: Кај одиш Светле?
СК: Нели за Франција, тоа што се договаравме.
СМ: Колку време рече ќе бидеш таму?
СК: Неколку…четири недели.
СМ: Леле, четири недели!!! И како ќе ја тераме работава овдека?
СК: Е па не, затоа сакав да се договориме. Значи они повторно нека ми праќаат пораки на мобилен, според мене така е најдобро. Јас ќе контактирам со Вас на порака, ако има каков и да било…
СМ: По телефон тогаш.
СК: Молам? Да, да, да и на message секогаш ќе Ве информирам, они секогаш мене ќе ми се јават. Мислам дека е најдобро така.
СМ: Добро, океј.
СК: Е така. Ајде пријатно.

Разговор помеѓу Светлана Костова и Haim Hakeyny

СК: Ало.
ХХ: Светлана!
СК: Да Хаим.
ХХ: Добар Ви ден. Како сте?
СК: Добро, добро, благодарам.
ХХ: Долго време не сме чуле…
СК: Да, но сакав да Ви кажам…
ХХ: Дали се сите добро?
СК: Да, тие се добро. Сакав да Ви пратам порака, баш пред малку, но имав средба и затоа не Ви пратив порака.
ХХ: Да.
СК: До сега немам никакви новости за остатокот од парите.
ХХ: Аха. Да.
СК: но зборував со директорот…
ХХ: да.
СК: И рековме дека штом парите ќе…штом ги добиеме остатокот од парите, Вие ќе започнете со следната исплата.
ХХ: Во ред. Значи јас ќе чекам откако парите ќе пристигнат.
СК: Да. И…
ХХ: Во ред е.
СК:…уште една работа. Во понеделник, знаете одам за Франција.
ХХ: Во Франција?
СК: Да. Но, цело време ќе бидам достапна на телефон.
ХХ: Во ред, во ред, ќе бидеме во контакт.
СК: Да. Директорот знае за ова и јас ќе бидам во контакт со него, и со Вас, секако.
ХХ: Во ред. Колку долго ќе бидете во Франција? Неколку недели?
СК: Четири недели.
ХХ: Ооо, многу долго, како е времето таму. Хахаха
СК: Се надевам дека времето е добро.
ХХ: Да, да во март и април ќе биде во ред, да, да.
СК: Ќе одам на училиште, се надевам дека ќе биде многу добро.
ХХ: Следниот пат кога ќе се сретнеме ќе зборуваме на француски.
СК: Секако, треба да го вежбам јазикот.
ХХ: Во ред, во ред.
СК: Во ред? Јас ќе бидам достапна цело време.
ХХ: Ќе бидеме во контакт со вас, за да ми кажете кога да почнеме.
СК: Да, да. Веднаш штом имам некаква информација во врска со тоа, ќе Ви пратам порака.
ХХ: Во ред, во ред. Бидејќи верувам дека Алекс зборуваше со компанијата, бидејќи малку е несигурно, но во ред ќе му кажам дека се е во ред, да не се грижи, и така натаму. Но тој е под притисок.
СК: Да го знам тоа, ја добив вашата порака.
ХХ: Во ред.
СК: И денес се обидов да зборувам со директорот, да му објаснам дека прашувате…
ХХ: Бидејќи ако тој ни даде локација да ги пратиме сите пари, во тој случај тоа е придвижување, ме разбирате?
СК: Да. И знаете ние се согласивме да го платиме остатокот од парите, три…
ХХ: Да, да се сеќавам на тоа.
СК: Во ред, директорот се согласува со тоа.
ХХ: Во ред тогаш. Имајте многу убав викенд и многу добар претстој во Франција и ќе бидеме во контакт.
СК: Ви благодарам.
ХХ: Поздравете ги сите таму.
СК: Во ред.
ХХ: Пријатно.
СК: Пријатно.

Разговор помеѓу Светлана Костова и Сашо Мијалков

СМ: Ало.
СК: Ало.
СМ: Светле, што правиш?
СК: Еве се спремам директоре.
СМ: Се спремаш, а?
СК: Да.
СМ: Е па, сакав да ти кажам една работа. Сега ќе те бираме за судија или не те бираме?
СК: Како нема да ме бирате?
СМ: А?
СК: Јас би сакала да ме бирате.
СМ: Е па добро, јас средив работа да бидеш избрана.
СК: Да?
СМ: Да. Што значи дека ќе треба да ме частиш.
СК: Ееее, цел живот ќе Ви бидам должна.
СМ: Една работа, втора работа: ти кога одиш, кога се враќаш?
СК: Денеска одам, преку Прага.
СМ: И се враќаш?
СК: А се враќам на 15-ти парил.
СМ: Уууу.
СК: Ало?
СМ: Да, да.
СК: Ме слушате, не?
СМ: А работиве, што правиме со работиве?
СК: Со работите се сум договорена директоре. Значи јас се видов и со Влатко во петокот….
СМ: Ќе доаѓа ли некој од нивното министерство сега бе?
СК: Нема да доаѓаат, се договорив и со нив. Значи и они преку телефон ќе кажат…
СМ: А некој од МОСАД ќе доаѓа?
СК: Не знам тоа. Може и да доаѓаат меѓутоа овие од министерството нема додека сум отсутна.
СМ: Додека си отсутна?
СК: Да, нема да дојдат, меѓутоа цела комуникација ќе си оди преку телефон, остави мејлови, се оставив. И сите ќе треба да ме известат, па да му кажам, кога ќе се заврши првата, да почнат со вториот дел.
СМ: Мхм. Океј.
СК: Мислам, сите ги имаат моите телефони, се се договориме како би функционирало.
СМ: Добро.
СК: Многу Ви благодарам, не знам што да кажам.
СМ: Е така…кога ќе се вратиш.
СК: Фала многу.
СМ: Ајде чао.
СК: Пријатно.