ТРАГЕДИЈА : Урнато купатилото на скопјанка, измамена од градоначалниците Коце и Сокол, за изградба на булевар

0
410

Општина Ѓорче Петров го урна купатилото на Елица Обрадовиќ од Ѓорче Петров што ѝ го изгради градоначалникот Коце Трајановски, бидејќи на негово барање таа му дозволи да ѝ го урнат старото, за да се прошири булеварот “Борис Сарафов“.

Трајановски, според ветеното, летово преку ЈП “Улици и патишта“ ѝ изгради на Елица купатило-лепенка до нејзината мала куќичка-соба, во која живее со синот, снаата и 12-месечното бебе, но на државно земјиште, без дозвола за градба, пренесува СДК.

Елица, синот, снаата и бебето, кои цело лето се капеа и вршеа нужда по комшии, додека не го доизградија купатилото што го изгради до карабина Коце, сега на зимски температури пак се без купатило. Тие продолжија на секоја физиолошка потреба да ѕвонат кај соседите, зашто оваа жена е изиграна од локалната и од градската власт.

Таа нема никакво право да го обжали решението за уривање. Нејзе, всушност, никогаш и не ѝ е врачено решение за уривање на градбата, бидејќи таа не го градеше купатилото, туку ЈП “Улици и патишта“, по налог на градоначалникот Коце Трајановски.

Народниот правобранител Иџет Мемети, каде Обрадовиќ уште летото поднесе претставка, и кој имаше отворено иницијатива за овој случај, вели дека буквално додека не дојде багерот праќал до градежниот инспектор во Општина Ѓорче Петров барање за времено одложување на уривањето….

Текстот во целост прочитајте го ОВДЕ