ТРАГЕДИЈА ВО ГОСТИВАР: 15 годишно девојче бегајќи од глутница кучиња паднало во Вардар и се удавило!

0
223

Околу 22 часот, од водите на Вардар во гостиварски Балиндол било извлечено телото на малолетно девојче, за кое претходно беше пријавено дека паднало во реката, објави Гостивар прес.

Според информации од полицијата, телото го пронашле жители на селото, а го извлекле полициски екипи. Девојчето не давало знаци на живот, а лекарите констатирале смрт.

Се очекува на местото да започне увид од Јавен обвинител. Се работи на утврдување на идентитетот на девојчето, кое неофицијално било на возраст од 17 години.

ПРЕТХОДНО:
Според првичните информации, девојчето околу 19 часот во близина на гостиварската болница било нападнато од глутница кучиња. Најверојатно во паниката од нападот тоа побегнало кон едниот брег на Вардар и паднало во водата. Набрзо потоа граѓани пријавиле во полициска станица Гостивар од каде е организрано пребарување на коритото на Вардар.
Од ЕЛЕМ е побарано да го намали нивото на водата за да биде полесно пребарувањето кое сé уште е во тек.

Фото – Гостивар Прес