ТОА ШТО НЕ ИМ УСПЕА НА ГРУЕВСКИ ВО ПЕТ ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ НА СЈО, ИМ УСПЕА НА КАМЧЕВ , РУСКОВСКА И ГЕРО ЗА ДВА МЕСЕЦИ : Кривичен Суд одлучи, триесет дена притвор за Катица Јанева

0
523

Oд вечерва шефицата на СЈО, Катица Јанева, е во истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари.

Притворот го побара Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Јанева е обвинета дека ја злоупотребила службената положба и овластување и влијаела за поповолна позиција на осомничениот Орце Камчев во предметот „Империја”.

Во притвор за истиот случај веќе втор месец се осомничените Бојан Јовановски и Зоран Милевски.