ТЕЧЕЕЕЕ НИЗ НОГАВИЦАААА!!! На службеничките во регистарот им се сугерирало утре да не се појават на работа?!

0
98

По денешната акција на СЈО во Централниот регистар, според извори од вработени кои инсистираат на анонимност, попладнево по 17 часот започнала, според тврдења на дел од вработени, акција за притисок утре повеќето од нив да не се појават на работа.

Нашиот извор тврди дека службениците од кои обвинителите на СЈО барале документи за одредени фирми биле исплашени, особено заради притисокот што дополнително им се правел доцна попладнево. За да не биде многу сомнително да не се појават утре на работа им се сугерирало на поголема група, а не само тие кои ги имаат фирмите кои ги бара СЈО.

Вечерва, како што објавија медиумите, полиција го чува влезот на централниот регистар, а контра-акцијата наводно ја смислиле и спроведувале од ривалската ОЈО односно од одделението за организиран криминал при Скопското обвинителство.