ТЕРМО НУКЛЕАРНА БОМБА НА ФОКУС: СЈО НАШЛО ДЕЛ ОД ПАРИТЕ НА ГРУЈО И МИЈАЛКОВ НА СТРАНСКИ СМЕТКИ, ДЕСЕТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА НА ДЕСЕТИЦИ СМЕТКИ НА КАРИБИТЕ!!!

0
1668

Во новиот број на неделникот Фокус ќе читате:

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Официјалните грчки реакции јасно ја отсликуваат нервозата во високите политички кругови во Атина, предизвикана од чистата препорака од Брисел за Македонија. Ова, пак, сериозно ја отежнува грчката позиција во процесот на евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан

РУСКИОТ ДИПЛОМАТ ФАТЕН НА КАМЕРА
За руското мешање поради кое беше протеран еден руски дипломат, сѐ е скоцкано како „топ сикрет“. Вакви информации, ем тешко се докажуваат, ем ретко се поткрепуваат со документи, ама „странски служби“ шпекулираат дека дипломатот бил фатен на дело како врбува фаца од интерес за нив, имало и кеш за исплата, а сето тоа било и „овековечено“ од нашите служби

ПРЕДРЕКОНСТРУКЦИСКА КРИЗА ВО ВЛАСТА
Засилувањето на власта со нови партии создава револт кај ЛДП и НСДП, кои сметаат дека имаат помалку привилегии, а носат иста политичка тежина. Во рамките на претстојната владина реконструкција, се најавува и трампа на ресори помеѓу СДСМ и ДУИ, што може да доведе до партиско и лично незадоволство

РИПНАВМЕ КАМЧЕ, НЕ ЧЕКААТ ПЛАНИНИ
Антиевропскиот филм заврши! Кај да е, и антинатовскиот. Македонија пак доби препорака за почеток на пристапните преговори со ЕУ. Препорака има, датум нема, ама ќе има. Пак тргнавме кон Европа преку Софија, но и преку Атина. Ќе стигнеме ли конечно во Брисел?

„МОНСТРУМ“: ОД ТЕРОРИСТИЧКИ АКТ ДО СВИРЕПО УБИСТВО?!
„Фокус“ анализира во која насока ќе се насочи СЈО во откривањето на долгогодишната мистерија за петкратното убиство кај Смиљковското езеро. Главниот проблем во предметот останува мотивот за Велигденскиот масакр. Одредени сигнали навестуваат дека од терористички акт, „Монструм“ би можел да биде преквалификуван во повеќекратно свирепо убиство

„АЛХЕМИЈА“ ВО СРЕДНОТО ХЕМИСКО УЧИЛИШТЕ
Неколку професори што се избркани од средното хемиско училиште „Марија Кири Склодовска“ во скопски Аеродром го обвинуваат раководството на училиштето за незаконско бркање и за фалсификување оценки на учениците. Тие одлучиле правдата да ја бараат на суд

ПОЛИТИЧКА СПЕКТРОМЕТРИЈА
За разлика од алвата што одамна не се продава како алва, и за разлика од зајаците што се котат како зајаци само кога има доволно храна, сепак на небото има ѕвезди колку што има ѕвезди на небото. Една помалку или повеќе, никому нема да му е гајле. Нема ни да забележи, особено ако ѕвездата е политичка. Затоа што на политичкото небо, штом една ѕвезда згасне, многу бргу некоја друга изгрева

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Што да прават големите западни сили на чело со Америка? Кога интервенираат – ги осудуваме за мешање во внатрешните работи на суверени држави. Кога не интервенираат, ги обвинуваме за негрижа за човечки животи оставени на милост и немилост на свирепи политичари

Ана ПАНОВСКА
Ја добивме препораката. Таа не е љубовно писмо, ами еден куп тешки задачки што треба оваа држава да ги исполни. Тоа важи и за вас, „патриоти“! Лесно е да се пеат песни, да се веат знамиња и да се палат свеќи за здравје на нашава премила Македонија. Затоа, ај, нека биде помалку света, вечна, библиска… Нека стане веќе еднаш само обична, модерна европска мала држава

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Никому од „господарите“ на војната не му е жал, ниту води грижа за тоа колку човечки жртви и страдања ќе има во секоја војна, при секоја воена акција. И Трамп и Путин и Макрон и Тереза Меј, повеќе ќе се изнервираат ако некој им отепа болва во рувото на нивното куче

Ерол РИЗАОВ
Македонија е уморна од повеќедецениски преговори, а веќе нема време ни за нови алтернативи, ниту за експерименти и оправдувања. Европскиот пат и припадност не смеат да бидат ни партиски, ни владини, ни поединечни заслуги. Тие се општонародни определби

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Невозможно е да има живот за сите додека постојат глупави и конфузни закони кои го загорчуваат животот и ги дупат граѓаните во здрав мозок. Новата реформска влада ниту под разно не смее да се вади со евтини и проsирни изговори дека монополските октоподи им биле наследство од претходниот режим на Фамилијата.