ТЕРМОНУКЛЕАРНА БОМБА ОД БУГАРИЈА : Ќе се одземаат дадените пасоши на Македонци со лажно бугарско потекло?

0
3786

Македонци докажувале бугарско потекло за 5000 евра.

Специјалното обвинителство ја истражува бугарската Државна агенција за Бугарите во странство поради сомнеж за корупција. Уапсени се над 20 луѓе. Утре се очекува да биде покренато обвинение против некои од приведените. Истражителите од утринава испитуваат сведоци во Софија, Ќустендил и во Плевен, пренесува бугарскиот информативен портал БТВНовините. Oдземени се компјутери и документи.

Истрагата започнала по обвинувањата дека се издавале документи со кои се докажува бугарско потекло за 5000 евра, а такви фалсификувани документи им биле издавани на луѓе од Македонија, Украина и од Молдавија. Со тие документи потоа можеле да извадат бугарски пасош.