„Твитер“ го отстранува лимитот од 140 карактери и за твитови

0
136

„Твитер“ го измисли терминот „твитови“ и практично ја популаризира меѓу корисниците идејата за користење хаштагови и до денес сите ја поврзуваме платформата со класично ограничување од 140 карактери при создавањето пораки.

Интересно е дека компанијата веќе спроведува напорно тестови со нова функција, која има за цел да го отстрани овој лимит и така да ни овозможи да објавуваме постови со многу подолг текст во својот профил.

Самиот проект е воден лично од Џек Дорси, кој во моментов привремено ја извршува должноста извршен директор и е испровоциран од фидбекот на многу луѓе што посакуваат да имаат алатка што дозволува да создаваат поголеми пораки на „Твитер“.