СЈО УПАДНА ВО ЈП ПАТИШТА: Се истражува митото од ЖУТИТЕ!

0
189

Се работи за предистражна постапка за која не можеме во овој момент да ви обезбедиме дополнителни податоци, одговорија за МКД.мк од Специјалното јавно обвинителство по неофицијалните информации дека нивни истражители во моментов се во Јавното претпријатие за државни патишта и ги проверуваат сомнежите за поткуп со кредитите од Кина за изградба на автопатишта во Македонија.

Според Лајм, во канцелариите на ЈП за државни патишта во тек е акција на истражители од Специјалното јавно обвинителство во која тие бараат документи во врска со изградбата на автопатиштата од страна на кинески компании.

Една од минатогодишните „бомби“ на СДСМ се однесуваше токму на овие проекти, од кои произлегоа сомневања дека при договарањето на овие зделки имало и коруптивни елементи.