СЈО: Дел од лицата повикани на распит испратија известување дека не можат да дојдат во закажаните термини

0
553

Специјалното јавно обвинителство најави интензивирање на работата во втората половина на август. Оттаму наведоа дека лицата кои се повикани ќе бидат од корист со нивните сознанија за разјаснување на околностите по повод сите постапки кои се отворени во овој период, oбјави Академик.

Иако Специјалното јавно обвинителство најави дека во наредниот период се повикани повеќе лица кои треба да дадат искази пред специјалните јавни обвинители, сепак дел од нив нема да се појават на закажаните термини.

Како што информираат од СЈО, дел од повиканите лица кои не се јавиле на поканите испратиле известувања за причините за нивното нејавување.

„Имајќи го предвид наведеното, ќе бидат испратени нови покани со кои ќе бидат определени нови термини за сослушување“, велат од СЈО.

Поканите за дел од повиканите се вратиле бидејќи најверојатно лицата не биле пронајдени на адресата на која се испратени поканите поради годишните одмори или поради други причини.