Супер си е Албанија, ти не чиниш

0
761

Се враќам од одмор и по навика уште на граница пуштам интернет на телефонот за да прочитам некоја информација. Преку ФБ статус на една пријателка  сватив дека некој пишал нешто за местото од каде што се вратив од одмор. (Линк ТУКА) Утредента побарав да ми го прати линкот, читам и со насмевка на лицето се вртам накај дечкоми и викам кај бевме бе ние.

11899287_692741074192638_972840158_o

Драга,како прво Ксамил не се наоѓа на Јадранско море, пред да пишеш колумна провери за да не се избламираш. Второ , во ера на ГПС и Google неможе да тргнеш на пат без да провериш каде идеш, и не нема еден пат за Ксамил, тој картон со црн спреј те води кон стариот пат за Ксамил. Пак ќе кажам, пред да тргнеш на пат провери каде идеш. Не знам дал знаеш но местото каде што сте се качиле на тоа мовче се вика Бутринт и е заштитено е од УНЕСКО. Да сте продолжиле право по патот а да не свртите лево ќе сте отиделе по добриот пат до Ксамил, т.е ќе сте отишле во Саранда, од Саранда има патоказ за Ксамил.

Е сега, до сега од сите луѓе ( македонци и албанци ) кој биле во Ксамил сум добивала совети дека тоа е село, има мали плажи, за ноќен живот не е убаво бидејќи е мирно.  Никој не ми кажал да очекувам Ибица или Капри. И така беше, тоа е мало село, со куќи изградени како во сите балкански држави вклучувајќи ја и Македонија.  Плажите беа преполни, не се криви мештаните што цела Македонија, Косово а и Албанија иде на одмор таму, па гужва колку што сакаш. Е сега, Ксамил има неколку плажи, но надвор од Ксамил на пат до Саранда и Бутринт има уште неколку други кои се прекрасни. Да си се информирала малку преку Трипадвајзор ќе знаеше.

Смештајот е тој, исто ти е како во Охрид , ќе акаш дур не најдеш така како што сакаш. Колку пари толку музика се вика.

Кога сме кај јадењето, да не сакаше за 20 евра да се најадеш, напиеш и кусур да ти дадат? Дека во Грчка со 20 евра ќе седнеш ќе се напиеш пиво, ќе јадеш риба и салата е тоа маломорген.  Ама да научени на патлиџан, паштета и макарони па сега и ова е скапо. За да те избркаат од кафана сигурно е кажано нешто погрешно или некој се испонашал. Стојам зад тоа дека Албанците се гостопримливи луѓе.

За држава која е излезена од 50 годишен режим и изолација, можам да кажам дека Албанија има совршени патишта на кои цело време има патокази, бар така ми се виде. Туризам не се гради така лесно и преку ден, па така и Албанија полека полека гради туризам.

Албанија си е супер сестро, ти не чиниш, да те однесат и на Капри со твојот карактер исто ќе поминеш.

Пишува : ЗЗ