Судијката Лаличиќ е пушинелата на бате Саше и Груевски која преку ОСНОВНИОТ СУД ги одби материјалите од прислушувањата како докази

0
657
Судијата што ја донесе одлуката е познат на јавноста од прислушуваните разговори што ги објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Според правните експерти, судијата минира друга обврска – работата и надлежноста на идниот специјален обвинител.
Основниот суд Скопје 1 – Скопје, вчера соопшти дека судија на претходна постапка донел решение со кое снимки од телефонски разговори и транскрипти поднесени со кривичната пријава од СДСМ против осомничените Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиевски, Сашо Мијалков и уште пет лица, треба да се издвојат како незаконски прибавени докази, бидејќи согласно со член 12 став 2 од Законот за кривична постапка (ЗКП) не може да се користат и врз нив да се заснова судска одлука.Ваквата одлука предизвика бура во експертската јавност. На решението стои потпис од судија Софија Лаличиќ која во аудиоснимките што ги објави лидерот на опозицијата, Зоран Заев, ја слушнавме како соговорник на директорот на УБК, Сашо Мијалков. Во разговорот, Мијалков на Лаличиќ ѝ вели дека ѝ средил работа да стане судија во Кривичниот суд.
 11954623_1193767387306949_2061007621276417930_n
Според податоците објавени на веб-страницата на Државната комисија за спречување корупција, Лаличиќ пријавила стан од 62 квадратни метри, вреден 70.000 евра, и автомобил „нисан џук“ со вредност поголема од 14.000 евра. Таа пријавила и акции на три места, сите купени во 2007 година. Минатата година подигнала кредит од околу 8.000 евра.