СУДИЈКАТА КАЦАРСКА ФАТИ ДА СЕ КРСТИ КОГА ЕКС ДИРЕКТОРОТ НА ДБК КАЖА ДЕКА НЕ ЗНАЕЛ КАЈ БИЛ НА 27-МИ АПРИЛ!

0
2495

Судијката Добрила Кацарска го испрашуваше.

„На 27 април 2017 година околу 18 часот тргнавме на ракомет. Штом стигнавме пред сала, се случи тоа“, рече ексдиректорот.

„Кај бевте после тоа, што се случи?“, го потпраша Кацарска.

„Не знам кај бев и во колку саат кај бев. Обезбедувањето мое поточно знае“, одговори Атанасовски.

„Господине Атанасовски, директор на УБК сте биле тогаш, не знаете кај сте биле за настаните на 27 април. Владо, ех моја чудесна Македонијо!“, се сврте Кацарска зачудена кон обвинетиот актер Владо Јовановски, кој глумеше во промотивните спотови за Македонија со истата реплика.

Тој стана, ги рашири рацете и го гестикулираше неговиот познат настап, извикувајќи од место: „Ех, моја чудесна Македонијо!“, на што сите се изнасмејаа, а Атанасовски си продолжи во истиот стил, дека ништо не знае.