Судијата Ташков покажува „мускули“: Ќе се паркирам на пешачки додека не ми обезбедат паркинг, немам намера да и плаќам на државата

0
235

12144733_10154316717089466_3052231728372637633_n-540x304

„Колата ми е паркирана пред зграда во центарот на Штип, спроти Стопанска банка. Тука живеам, имам стан од 60 метри квадратни а немам паркинг. Плаќавме и за дворни места, но паркинг не добивме. До мене има платен паркинг, но немам намера да и плаќам на државата паркинг и за мојата и за колата на сопругата. Јас не се кријам и затоа ја оставив легитимиацијата да знаат кој сум. Ќе се паркирам така додека не ми обезбедат паркинг. Ако треба и на полицијата сум им кажал ќе платам колку треба за прекршокот, но за тоа е надлежна полицијата а некои деца кои немале што да прават, па сликале и ја објавиле сликата на интернет“, изјави судијата Солтир Ташков за НОВА, по објавените фотографии на социјалните мрежи.

12075026_10154316716739466_8307862010853347052_n-540x304

Сепак, за него, ваквата постапка е политиканство и со неа не треба да се занимава народот, туку со суштинското прашање, зошто ни бегаат младите од Македонија.

Штипскиот судија Ташков смета дека јавноста не треба да се интересира за вакви случаи, а ако смета полицијата дека треба да го казни, нека го казни, бидејќи за ваквото паркирање тој ја известил и полицијата.

Повеќе на НОВА на следниот линк.