Судиите Татјана Михајлова, која го осуди Томислав Кежаровски на 4,6 години затвро, и Лидија Петровска ги добија предметите од СЈО

0
688

Од Кривичниот суд вчера информираа дека двата обвинителни предлози кои минатата недела ги поднесе Специјалното јавно обвинителство веќе се распоредени на двајца судии од Кривичниот суд. Распределбата на предметите се прави во согласност со електронскиот систем за распределба, а според информациите на Фокус, овие предмети ги добиле судиите Татјана Михајлова и Лидија Петровска.

Михајловска е позната во јавноста по тоа што ја водеше истрагата за случајот „Ликвидација“, во кој на затворска казна од 4,6 години беше осуден новинарот Томислав Кежаровски, а потоа Апелациониот суд му ја намали казната на две години.

Од судот не информираа дека се уште не се одредени датуми за судење, односно за одржување на главната расправа, за што пак не е предвиден рок, туку ќе се чека слободен термин.

Двата предмети се работени по скратена постапка бидејќи Обвинителството имало доволно докази за да изготви обвинителни предлози и да ги достави до Кривичниот суд.

Едниот предмет се однесува на уништувањето на документи за да се прикрие незаконското прислушување, а вториот предмет се однесува на протестите пред Општина Центар од 2013 година. Во првиот предмет опфатени се 7 лица, вработени во УБК, кои се осомничени за кривичното дело фалсификување на службена исправа, а во вториот предмет опфатени се 14 лица кои се осомничени за кривичното дело насилство, меѓу кои јавноста ги препозна и екс премиерот Никола Груевски и екс министерот Миле Јанакиески.